ИСПОВЕД – ЕДНА ГОДИНА СЕ ОБИДУВАЛЕ ДА ДОБИЈАТ ДЕТЕ А ПОТОА ЈА ДОЗНАЛА ВИСТИНАТА ЗА НЕГО: Била во потполн шок! Посла ТОА го оставила!

Брачен пар од Австралија една година се обидувал да добие дете и по една година Ешли ја дознала правата вистина за нејзиниот сопруг Метју.

– Јасно се сеќавам на моментот кога тој ме запроси. Разговаравме и за деца, на што му реков „ако се случи, ќе се случи“. И двете сценарија ми одговараа – да имам деца, но и да ги немам – вели Ешли.
Сепак, по четири години брак, Ешли заклучила дека навистина сака дете и тоа му го признала на сопругот, кој бил шокиран.
– Изгледаше лут и шокиран. Сепак, кога му помина шокот, тој се согласи да проба – се присетува Ешли.
Шест месеци се обидувале без успех и тогаш сфатиле дека нема да оди така лесно. Наскоро, нивниот живот започна да се врти само околу тестовите за овулација и закажаните прегледи.


– Секогаш бев убедена дека лесно ќе забременам кога ќе посакам. На прегледите тие никогаш не ми спомнаа дека може да има какви било проблеми – вели Ешли. Тогаш докторот предложил Метју да биде прегледан подетално, и клопчето од лаги почнало да се расплетува.
Вечерта пред закажаниот преглед, Метју одлучил да и ја признае вистината – тој веќе бил оженет пред неа и неговата сопруга не сакала деца. Затоа тој направил вазектомија во доцните дваесетти години.
– Бев во целосен шок, како да ми го кажуваше сето ова на странски јазик. Се обидувавме да забремениме една година и тој се преправаше дека тоа навистина може да се случи, знаејќи дека е невозможно – таа беше шокирана.
– Ми рече дека сметал дека нема да ми биде важно, особено откако му реков дека и двете сценарија во нашиот брак се во ред – да имаме деца, но и да ги немаме – вели Ешли.


Одлучила да се раздели од него затоа што, како што вели, не можела да проголта таква измама. Сепак, тој сè уште не може да се помири со она што се случи.
– Сè беше како во бајка, целиот наш брак, до тој момент. Сега морам да започнам сè одново, заклучила измамената жена.

Фото: Илустрација
Извор:9honey

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …