(ВИДЕО) Поплава во Германија уништила многу нови „Ауди“ автомобили

Како последица од катастрофалните поплави што деновиве погодија делови од Германија, Белгија и други земји беа погодени и далони за продажба на автомобили.
Водената буица однесе повеќе од 200 животи во регионот, а стотици луѓе се водат како исчезнати.
Предизвиканата материјална штета се проценува на милијарди евра, а биле поплавени и бројни деловни објекти, вклучувајќи го и овој салон за автомобили „Ауди“ во Леверкузен.
Како што се наведува, ова се нови модели кои останале заробени во салонот откако нагло се зголемило нивото на реката а водата продирала внатре.
Поради силината на поплавниот бран, многу автомобили биле преместени од своите места и се судриле едни со други
Видеото, кое беше објавено на социјалните мрежи, покажува голема штета, бидејќи сега се планира отпис на повеќето од овие возила.

Меѓу автомобилите погодени од водената катастрофа, меѓу другите, се и RS6 Avant, RS Q3 Sportback, како и многу модели на SUV Q3 и Q5.
Истата судбина ги снашла и електричните модели на Audi e-tron GT, e-tron и e-tron Sportback.

Фото: Printskrin/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТРКА НА ЗАБРЗУВАЊЕ: Red Bull F1, Lamborghini Huracan и Nissan GT-R 

Уште една неверојатна трка на забрзување. Во оваа трка се натпреваруваат болидите на тимот на …