Халкбанк со поддршка на четвртото издание на Beach Film Festival Ohrid 2021

Од 21 до 25 јули, на плажата Горица 3 во Охрид ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на новиот европски филм – Beach Film Festival. И годинава, спонзор на фестивалот кој со својот иновативен концепт се издвојува од досегашните фестивалски стандарди, е Халкбанк АД Скопје која е силен поддржувач на филмската уметност и македонската култура воопшто, како еден од најсуштинските делови на секое општество.

Beach Film Festival енастан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Овој мултимедијален и мултидисциплинарен настан има примарна цел да го поттикне дијалогот, критичкото размислување и делувањето инспирирано од проекциите на новиот европски филм.

Во текот на четирите фестивалски денови, ќе бидат прикажани повеќе долгометражни и  краткометражни филмови во рамките на тематските програми, а дел од програмата на Beach Film Festival ќе бидат работилници и предавања.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …