НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Започна традиционалната ликовна колонија Дрен 2021

По 13 пат, синоќа во ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп започна традиционалната ликовна колонија Дрен 2021, на која годинава до 24 јули, ќе творат 11 уметници, сликари и скулптори.
Добредојде и успешна плодна творечка работа на уметниците им посакаа градоначалникот Илија Јованоски и Јасмина Мицовска Станкоска, директор на ЦК „Марко Цепенков“.


Годинава, вели Марјан Стојаноски, раководител на ликовната дејност во Центарот, своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.


Делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.


Досега на колонијата, која се реализира со поддршка од Министерството за култура, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Охрид, од 7-9 август проекции од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ

ИДНИТЕ ЕКОЛОГИИ е една од петте уметничко-филмски програми на проектот НИЕ СМЕ ТУКА: програма за …