Нова студија покажала колку всушност траат антителата после ковид

Антителата преживуваат најмалку девет месеци по инфекцијата со ковид, открива неодамна објавената студија.
Тестирањето на целиот италијански град покажува дека нивото на антитела останува високо девет месеци по инфекцијата со САРС-КоВ-2, или симптоматско или асимптоматско. Истражувачи од Универзитетот во Падова и Империјал колеџ во Лондон тестирале повеќе од 85. проценти од 3.000 жители на градот Во во Италија во текот на февруари и март 2020 година за инфекција со САРС-КоВ-2 и повторно ги тестирале во мај и ноември 2020 година за да утврдат присуство на антитела против коронавирус. Резултатите од ова истражување беа објавени неодамна во списанието „Nature Communications“, а ги пренесе порталот eKlinika.

Нема разлика кај симптоматски и асимптоматски пациенти
Истражувачкиот тим открил дека 98,8 проценти од луѓето заразени во февруари 2020 година покажале ниво на антитела што може да се забележи во ноември истата година и дека нема разлика помеѓу луѓето кои страдале од симптоми на ковид 19 и оние кои немале никакви симптоми на болеста.

Нивото на антитела беше следено со користење на три теста – тестови кои откриваат различни видови антитела кои реагираат на различни делови на вирусот. Резултатите покажале дека, иако сите типови на антитела покажале одредено опаѓање помеѓу мај и ноември, брзината на распаѓање била различна во зависност од тестот. Тимот, исто така, открил случаи на зголемено ниво на антитела кај некои луѓе, што укажува на потенцијални повторни инфекции со вирусот, што обезбедил поттик за имунитетот.

Јачината на имунолошкиот одговор не зависи од симптомите и сериозноста на инфекцијата
Водечкиот автор на студијата, д-р Иларија Доригати, од Центарот за глобална анализа на инфективни болести од МРЦ и Институтот за анализа на болести и итни случаи, Абдул Латиф Џамил (J-IDEA) од Империјал колеџ во Лондон, рекле:
„Не најдовме докази за нивото на антитела помеѓу симптоматските и асимптоматските инфекции, тие не се разликуваат значително, што покажува дека јачината на имунолошкиот одговор не зависи од симптомите и сериозноста на инфекцијата. Сепак, нашата студија покажува дека нивото на антитела варира, понекогаш значително, во зависност од користениот тест. Ова значи дека е потребна претпазливост при споредување на проценките за нивото на инфекција кај популации добиени во различни делови на светот, на различни тестови и во различно време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРВИ ФОТОГРАФИИ НА КАМЕРОН ДИЈАЗ СО ЌЕРКАТА: Се повлекла од светот на глумата за да се посвети на семејството а девојчето е нејзина вистинска копија!

Познатата актерка Камерон Дијаз откри на почетокот на 2020 година дека со рокерот Бенџи Маден …