(ВИДЕО) ОВОЈ ПОТЕГ ЈА ВРАЌА ВЕРБАТА ВО ЛУЃЕТО: Тинејџери измислиле додаток за инвалидска количка за да еден тато може да го шета бебето!

Група од 10. ученици од средно училиште во Америка направија хуман гест, смислувајќи како да му овозможат на еден татко, кој има проблем со центарот за рамнотежа, да го однесе своето бебе на прошетка.
Имено, тие направиле конструкција за инвалидска количка на која може да се постави автомобилско седиште за бебето, така што овој татко може да го шета своето бебе без помош на сопругата.
Пред три години, Џереми Кинг (37) од Мериленд бил опериран бидејќи имал тумор на мозокот, што резултирало со физички проблеми и нарушување на центарот за рамнотежа. Кога тој и неговата сопруга Челси (32) дознале дека очекуваат бебе во јуни 2020. година, двајцата биле загрижени како ќе го однесат детето на прошетка.
„Иако може да оди, тој не може да биде толку безбеден да носи дете“, изјавила Челси Кинг за „Добро утро Америка“.
https://www.goodmorningamerica.com/family/story/welelchair-stroller-built-students-parent-impired-mobility-78839613?cid=social_twitter_abcn

-Тогаш разговаравме за тоа што треба да сториме за да го одржиме бебето безбедно за време на прошетки и други активности, но немаше многу решенија, бидејќи едноставно нема доволно ресурси за родителите со попреченост, додала таа.
Челси се обратила за помош на Мет Зиглер, наставник во училиштето каде што Кинг работи и како наставник по драма и советник. Таа го прашала Зиглер дали може да им помогне да смислат нешто што може да се закачи на инвалидската количка на Џереми.
Зиглер на средношколците им предава предмет наречен „Создавање социјални добра“, на кој учениците дизајнираат производи што ќе имаат позитивно социјално влијание.
Зиглер за GMA изјавил дека им дал задача на студентите да видат што би можеле да смислат.
– На почетокот на курсот, се обидовме да го разбереме проблемот, па разговаравме со семејството, рекол Зиглер.
– Разговаравме и со луѓе од локалната противпожарна служба кои тренираат да постават автомобилско седиште за бебиња со цел да се обидеме подобро да разбереме како функционираат овие работи, додал тој.
Според еден од студентите, Џејкоб Злотитски (18), сè започнало со тоа што секој од студентите ги презентирал своите идеи за додаток за инвалидска количка, а потоа направиле 3Д-модел за да видат како изгледа сето тоа.
„Сите бевме фокусирани на успешно создавање на најдобриот производ што може да го направиме во времето што го имавме“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …