ID:42659239

Руски доктор советува: „Засадете ја својата болест во земја – како начин на излекување“

Пренесуваме интригантен текст од порталот uspesnazena.com, преведен од рускиот форум за алтернативни методи на лекување. Автор на овој текст е Борис Н.Холоденко, психолог, доктор на филозофски науки. Методот опишан во него е многу невообичаен, дури и неверојатен, но колку од тоа може да биде вистина, оставаме на вас да процените (или да пробате).
Како да ја „засадите” вашата болест во земјата
Може да излекувате личност на едноставен начин што е достапен практично за секого. Врз основа на вековната докажана пракса, болеста може да се пренесе од пациент на кој било друг организам, во овој случај на растение.

Постапката е едноставна.
Од болното лице се зема мала количина на неговата течност: гној, урина, плунка, пот, секрети.
Измешајте го ова со земјата и ставете го во обична (помала) саксија.
Потоа треба да се засадат 2-3 семиња или корен од растение управувано од планетарен знак што се совпаѓа со планетата под која се утврдува болеста и да почекаме додека не се појават изданови високи неколку сантиметри.
Потоа, внимателно, заедно со коренот, отстранете го растението и изгорете го ако болеста е поврзана со лачење на крв, гној, пот или слуз. Во сите други случаи, растението се фрла во река.
После тоа, болеста поминува.

loading...


Важно:
Билката треба да се сади во време кога Месечината опаѓа. Тоа е периодот помеѓу полната и младата Месечина.
Во природата и во човечкото тело во овој период, постои тенденција кон прочистување. Месечината што опаѓа се суши, издува, се намалува, ја потенцира активноста и потрошувачката на енергија.
Билката не се сади во сабота, недела и не на роденденот на пациентот.
Билката исто така треба да биде уништена во време кога Месечината опаѓа.
Билката не се сади во форма на исечоци (пелц) или корени (освен рен), бидејќи на овој начин растението може да овене, што не е добро за пациентот. Се сее само во форма на семе или луковици. Ако семињата не ‘ртат, нема опасност за пациентот.
За да се излечи болеста со помош на растение одгледувано во саксија, потребно е да се знаат планетите што владеат со болеста и да се најде соодветно растение.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 96 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …