Заборавете на СКАПИ ТРЕТМАНИ: Еве кои намирници го БРИШАТ ЦЕЛУЛИТОТ!

Наместо скапи козметички третмани, подгответе се за костим за капење во последен момент со паметно избирање храна
Најголем непријател на сите жени, особено кога е време за кратка, летна гардероба е целулитот. Покрај генетските предиспозиции, како што се циркулацијата и кожата, примарна причина за целулит е нездравата исхрана. За да се ослободите од него, не е потребно да купувате скапи креми и третмани, туку е потребно да се воведе ред во вашата чинија.


Зеленчукот е клучен во борбата против целулитот, а на прво место е слаткиот компир, една од најхранливите намирници која е полна со витамини Ц и Е, бета каротен и калиум. Неговите коренести протеини се одличен антиоксиданс, а честата консумација се препорачува како резултат на подобрена циркулација и излачување на токсините, што е клучот за отстранување на целулитот.

„Зеленчукот е клучен во борбата против целулитот, а слаткиот компир е на прво место…“


Прокељот е одличен сојузник во борбата против целулитот бидејќи покрај витамин Ц, тие содржат и индол-3-карбинол, кој во организмот се претвора во ди-индолил метан, ДИМ, кој им помага на ензимите во црниот дроб да го блокираат производството на штетни честички кои го уништуваат колагенот.

Конечно, суперхраната – брокула. Брокулата е полна со витамин Ц и одличен извор на растителни влакна, најдобриот нелактичен извор на калциум и алфа липоична киселина, што спречува стврднување на колаген и акумулација на наслаги, кои ги нарекуваме целулит.

Секако, потребни ви се и насочени вежби за мускулите во областа каде е целулитот, па кога ќе го комбинирате сето тоа, вашите нозе ќе го добијат посакуваниот изглед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …