(ФОТО) КРАЛИЦАТА ПРЕКУ БЕБЕТО МУ СЕ ОСВЕТУВА НА ХАРИ!? Нов потрес на кралскиот двор – Овие вести „ја запалиле“ нацијата!

Лилибет Дајана, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, е родена на 4. јуни, а веста за нејзиното раѓање ја објавија нејзините родители на нивната официјална веб-страница.
Меган и Хари сè уште не споделиле фотографии од наследничката, па никој освен членовите на семејството и пријателите не знае како изгледа бебето.

Неколку дена по раѓањето на Лилибет, кралицата Елизабета преку видео повик ја запознала својата правнука.
Како што изјавил изворот за списанието „Пипл“, Хари и Меган биле многу возбудени и среќни по раѓањето на нивната ќерка, па решиле да ја запознаат со Елизабета преку вудео повик што е можно поскоро.
„Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Корнвол се информирани и воодушевени од веста“, рекле тогаш од Бакингемската палата.

Сепак, се чини дека кралското семејство ја „игнорира“ Лилибет, која сега има месец и половина.
Имено, Лилибет не била додадена на официјалната веб-страница на кралското семејство, месец и половина по раѓањето, а под името на Хари и Меган стои само името на нивниот син Арчи, кој е роден во мај 2019. година.
Како што пишува „Експрес“, нејзиното име не е додадено ниту на официјалниот список што се однесува на наследната линија, а кој исто така се наоѓа на споменатата страница.

На оваа тема за „Експрес“ зборувала Даниела Елсер, експерт за прашања од кралското семејство.
– Овој пропуст поврзан со Лилибет може да предизвика нов „земјотрес“ во кралското семејство – рекла таа.
Елсер признала дека е нејасно дали станува збор за „интернет пропуст на деценијата“ или пресметана одлука.
Таа наведува дека веста за раѓањето на братучедите на Лилибет, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луис, како и нејзиниот брат Арчи, биле објавени на веб-страницата на кралското семејство непосредно по нивното раѓање.
А дека интернет функционира на дворот го потврдува и фактот дека некој неодамна ја ажурирал страницата, биле објавени вести за разни церемонии, но името Лилибет не било никаде споменато.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …