Почина легендарниот Ненад Стекиќ

Легендарниот југословенски атлетичар Ненад Стекиќ починал на 71-годишна возраст.
„Нашиот Ненад Стекиќ нè напушти, човек што ја славеше југословенската и српската атлетика, европски рекордер во скок во далечина. Почивај во мир, драг пријател, ти ги напиша златните страници на нашиот спорт и за нас отсекогаш си бил и ќе останеш бесмртен“, напиша на Твитер Веселин Јевросимовиќ, претседателот на Српската атлетска федерација.
Најдобриот резултат во кариерата, Ненад Стекиќ, го постигна на митингот во Монтреал на 25. јули 1975. година, кога скокна на 8,45 метри. Тогаш тоа беше европски рекорд. Тој скок е сè уште рекорден за Србија.
Стекиќ ќе остане запаметен и како човек кој 144. пати летал осум метри во текот на својата кариера.
Колку беше доминантен, покажува и фактот дека тој беше прв на светската ранг-листа пет години по ред.
За време на неговата исклучително успешна кариера, тој освои три сребрени медали на Европските првенства – два на отворено и еден во затворено, две златни на Медитеранските игри, додека освои злато и сребро на Универзијадата.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда трка, најлудо лице: Се испиша историја

Карстен Ворхолм го собори сопствениот и светски рекорд на 400 метри со пречки, 45,94 е …