Подготвени за дожд? Наредните неколку дена не излегувајте без чадор!

Дождот што предизвика бројни пооплави во западна Европа пристигна и кај нас, додуша поумерено, но еве што УХМР најавува за наредните денови:
Денеска се очекува променливо облачно и нестабилно време, а од пладневните часови и пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 26 до 36. степени.УВ=8
И за утре (понеделник) се најавува променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално и особено во планинските региони процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 28. до 38. степени.УВ=7
Во вторник исто така ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно во западните планински делови. Минимална температура: 14°C до 21°C. Максимална температура: 27°C до 36°C.УВ=7.
Стабилизирање на времето и престанување на дождовите се предвидува дури од среда, како што најавува УХМР.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …