18-годишната Изобел изјавила дека се чувствувала ужасно поради својата тежина уште од 11-та година и дека сликите со гламурозни тела на девојките на социјалните мрежи и предизвикале лош однос со своето тело.
Девојката по име Изобел Мори (18) од Стафордшир имала најмногу килограми во јануари 2020. година. Во март 2020. година, таа започнала повремена диета со пост од 5:2 и оттогаш изгубила дури четири конфекциски броеви.
Таа тврди дека слабеењето и ‘го сменило животот’ поради нејзината самодоверба, па дури и за прв пат по долго време носела бикини. Едно од нејзините најдобри достигнувања било кога одбила една поранешна симпатија која како дете и рекол дека е дебела. Режимот што го практикува се нарекува диета 5:2 затоа што пет дена во неделата се јаде нормално, додека во другите два дена бројот на калории е ограничен на 500-600 на ден.
Изобел рекла дека се чувствувала страшно поради својата тежина уште од 11. години и дека го мрази своето тело. Таа тврди дека сликите со ‘гламурозните’ тела на девојките на социјалните мрежи и предизвикале лош однос што го имала со своето тело.
– Се сеќавам дека на едно момче му кажав дека ми се допаѓаше кога имав 11 години, додека тој низ цела училницата ми викаше: ‘Замолчи, киту’. Ме скрши и ја влоши мојата несигурност“, рекла Изобел.
@izmorreyin honour of me starting my weight loss journey 1 year ago😌 #weightloss #weightlossjourney #fyp #foryoupage #fasting #fastingforweightloss
Изобел тврди дека се чувствувала моќно кога го одбила и дека неговиот изглед и ја зголемил самодовербата.
– Смешно е што тој сега ме посакува, мислам дека помладата „јас“ би била многу горда на мене – рекла таа.
По навредливиот коментар, Изобел рекла дека вложила повеќе напор во изгледот на училиште – дури почнала и да се шминка.
– Моите соученици ми се смееја затоа што бев класен кловн, а јас се смеев, но очигледно не одвнатре. На сликите од мојата младост се смеев и се забавував, а потоа не ми беше грижа за мојата тежина. Но, кога малку пораснав, тоа беше единственото нешто за кое размислував. Не бев задоволна од себе и тежината навистина ме стопираше. Се сеќавам дека го вовлекував стомакот и ќе престанев да дишам за луѓето да не помислат дека сум дебела, иако не бев во тоа време“, рекла таа.
@izmorreyI have an obsession with brown🥰 #fashion #falloutfits2020 #prettylittlething #missguided #outfitinspiration #outfitideas
По долгогодишно незадоволство од нејзината фигура, Изобел решила да преземе нешто и да започне повремено да пости. Воодушевената Изобел рекла дека ги видела резултатите скоро веднаш.
– Дефинитивно би рекла дека социјалните мрежи имаа многу врска со тоа како се чувствував. Дури ниту еден мој близок не сметаше дека имам проблеми со телесната тежина, но се чувствував така. Отсекогаш сум била загрижена за мојата тежина. Но, сега кога ќе се осврнам на тие слики, сфатив дека не бев толку дебела како што мислев. Сè беше само во мојата глава, што е една од најлошите битки – заклучила таа, пишува Daily Mail.