Во еден ден можеме да изедеме ограничена количина на храна, и добро е да внесуваме хранливи материи благодарение на што нашето тело ќе функционира подобро и поздраво. За да успееме во ова, едноставно мора да јадеме намирници кои се многу хранливи.
Подолу е список со десетте најхранливи намирници на планетата, кои доколку ги вклучите во вашата исхрана, ќе ви ја олеснат оваа важна задача.
1. Лосос
Не сите риби се еднакви. Лососот (и други видови масна риба) содржи најголемо количество омега-3 масни киселини. Омега-3 масните киселини се исклучително важни за оптималната функција на нашето тело. Тие се поврзани со општа благосостојба и помал ризик од многу сериозни болести.
Лососот содржи и голема количина на други хранливи материи. Постојат високо квалитетни животински протеини, витамини и минерали, вклучувајќи големи количини на магнезиум, калиум, селен и витамини од групата Б.
Затоа, добро е да јадете мрсна риба барем еднаш или двапати неделно. Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно јадат масна риба имаат помал ризик од срцеви заболувања, деменција и други вообичаени болести. Покрај тоа, лососот е вкусен и прилично лесен за подготовка.
2. Кељ
Кељот е крал на листестиот зеленчукот. Содржи витамини, минерали, влакна, антиоксиданти и разни биоактивни соединенија. Според Healthline, може да биде поздрав од спанаќот. Иако и двата се многу хранливи, кељот содржи помалку оксалат, супстанца што може да поврзе минерали како калциум во цревата, спречувајќи ја нивната апсорпција.
Кељот и другиот зелен зеленчук исто така содржат многу биоактивни соединенија за кои студиите покажаа дека играат улога во борбата против ракот.
3. Лук
Лукот не само што може вкусните јадења да ги направи уште повкусни, туку е и многу хранлив. Богат е со витамините Ц, Б1 и Б6, калциум, бакар, манган и селен. Исто така, лукот е богат со корисни соединенија на сулфур како што е алицин.
Многу студии покажале дека алицинот и лукот можат да го намалат крвниот притисок, како и вкупниот и „лош“ ЛДЛ холестерол. Покрај тоа, тие го зголемуваат „добриот“ ХДЛ холестерол и потенцијално го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Студиите исто така покажаа дека луѓето кои јадат многу лук имаат многу помал ризик од неколку вообичаени карциноми, особено карцином на дебело црево и стомак.