(ФОТО) Историската пол-позиција во спринт трката за Ферстапен!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Британија, бидејќи славеше на првата, историска спринт трка за квалификации.
Холандскиот возач оваа сезона на легендарниот „Силверстоун“ стигна до петтата пол позиција, и седма во кариерата, бидејќи во спринт трката беше побрз за 1,5 секунда од Луис Хамилтон во Мерцедес. Двајцата ги следеше уште еден возач на германскиот тим, Валтери Ботас, кој заостана шест секунди од својот тимски колега.

Само тројцата освоија поени – Ферстапен три, Хамилтон два и Ботас еден. Спринт трката ги замени стандардните квалификации за прв пат овој викенд, а ваквиот формат на тркачкиот викенд се планира да го видиме уште двапати оваа сезона – во Монца и на „Интерлагос“.

Борбата за пол-позицијата беше решена на самиот старт, кога Ферстапен го престигна Хамилтон и поведе. Актуелниот шампион се обиде да ја врати позицијата неколку кривини подоцна, сепак, возачот на Ред Бул се одбрани и потоа се одвои. За време на поголемиот дел од квалификациската трка, разликата помеѓу нив двајца беше помалку од две секунди, во финишот се зголеми на околу три, за да се намали во последниот круг.

Ботас беше трет на крајот и возеше прилично осамена трка, бидејќи не можеше да му се закани на Хамилтон, ниту возачите што го следеа не можеа да го загрозат. Најдобар меѓу другите беше Чарлс Леклерк во Ферари, пред двоецот на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо и двократниот светски шампион Фернандо Алонсо.
Возачот на Алпина е еден од хероите на спринт трката, бидејќи одлично се избори со Норис и Ричард, а од самиот старт напредуваше за четири позиции. Меѓу првите десет беа Себастијан Фетел во Астон Мартин, возачот на Вилијамс Џорџ Расел и Естебан Окон во вториот болид на Алпина. Расел, сепак, е под истрага за инцидентот со Карлос Саинс јуниор на почетокот од квалификациската трка. Шпанецот ја мина целта како 11, пред Пјер Гасли во болидот на Алфа Таури, возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, Ленс Строл во Астон Мартин и Антонио ovовинкија.

Најголемиот инцидент за време на спринт трката беше забележан во шестиот круг, кога другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез, згреши, се сврте на патеката и влета во песокот, но тој успеа да продолжи. Мексиканецот во тој момент беше во групата со Алонсо, Норис и Рикардо, а по испаѓањето падна на претпоследната позиција, за во последниот круг да се повлече од трката. Ова значи дека Перез ќе започне од последната позиција во недела, веднаш зад Никита Мазепин во болидот на Хас. Пред нив ќе бидат Никола Латифи и Михаел Шумахер, зад Јуки Цунода.

Големата награда на Велика Британија започнува во недела во 16 часот и ќе можете да ја следите во живо на Спорт клуб 1.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …