(ФОТО) И’ ОВА ГО ИМА КАЈ НАС – РЕАКЦИИ – ОВА НЕ СМЕЕ да се емитува па за каква и емисија да станува збор: „Ова е национална телевизија или плажа“!

Неколку ТВ гледачи на Телма ни се јавија со молба да објавиме фотографии од една македонска водителка која не била „прикладно“ облечена…
„Ова е национална телевизија или плажа“, вели нашиот соговорник огорчен што национална тв куќа како Телма си дозволува вакви „излети“ со кои ги омаловажува своите гледачи.


И’ навистина…има ли некој кој ја одобрува гардеробата на Ангела Јакимовска која го отвори последното издание (вчера, 15.07.2021. година) на „Бекстејџ“…Ангела е модел, чест учесник па и победник на изборите за МИС (во разни категории), но иако „Бекстејџ“ е забавна емисија која главно се бави со „скокотливи теми“ за познатите македонски (и балкански) естрадњаци, сепак понекогаш провокацијата може да донесе подруг впечаток…


Едно време слушавме коментари дека на „некоја водителка и се виделе гаќите“, но мини здолништата не се продолжија…Но, во овој случај да се облече фустан со две ленти каков што некои холивудски ѕвезди си дозволуваат само во ОДРЕДЕНИ МОМЕНТИ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ на емисија на национална телевија која се емитува во 16.15/22.15 часот е повеќе од невкусно.


Одамна е јасно дека за вкусовите не треба да се расправа но во овој случај се чини дека целта за атрактивност постигнала сосема спротивен ефект.
Напоменуваме дека фотографиите се направени од телевизор па се извинуваме за малку лошиот квалитет, иако деколтето си е деколте, туку целта ни беше акцентот да се стави на премногу провокативната гардероба на водителката на „Бекстејџ“!

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …