Од утре не очекуваат големи промени – врнежи и пад на температурата

УХМР најавува промени во временските состојби под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со намалена видливост, поради транспорт на прашина од Сахара. Во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град.
Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, над 60 километри на час и услови за појава на град.
Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.
УХМР потсетува, во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Според прогнозите, утре утринската температура ќе биде од 13 степени во Берово до 23 во Демир Капија, а дневната од 31 во Берово до 38 во Гевгелија.
Од сабота до среда утринските температури ќе се движат меѓу 13 и 22 степена, а дневните од 27 до 37 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …