Меган Маркл има нова работа – открила за што станува збор

Mеган Маркл со Нетфликс подготвува анимирана серија наречена „Бисер“. Станува збор за заедничка продукција на Archewell Productions на Хари и Меган и Нетфликс. Меган е продуцент, пишува Deadline.
Серијата ги следи авантурите на 12-годишно девојче, кое наоѓа инспирација кај разни влијателни жени низ историјата. Заедно со Меган, во продукцијата се и Дејвид Фурниш, Каролин Сопер, Лиз Гарбус и Дан Коган. Извршен продуцент е Аманда Ринда.

„Како и многу девојки на нејзина возраст, нашата хероина Перл тргнува на пат кон самооткривање додека се обидува да ги надмине секојдневните животни предизвици. Воодушевен сум што Archewell Productions, во партнерство со моќната платформа Нетфликс и овие неверојатни продуценти, ќе ги обедини нова анимирана серија што слави извонредни жени низ историјата“, рекла Меган, пишува Deadline.
Меган и принцот Хари потпишаа повеќемилионски договор со Нетфликс пред неколку месеци и се шушкаше дека нивниот прв проект ќе биде документарната серија Heart of Invictus. Хари требаше да се појави пред камерите на таа документарна серија, но тоа снимање беше одложено за неколку месеци.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …