Привикнете се на високите температури – иако доаѓа мало заладување…

Во наредните неколку дена температурите ќе се високи – главно околу 38 степени, но како што најавува УХМР ни следи промена
Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен попладне вдолж Повардарието. УВ=9
Утре (четврток) исто така сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. УВ=9
За петок се најавува сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8
Во сабота сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8
Недела пак ќе има мали промени – се очекува променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8


До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.
Дневните температури ќе се движат од 31 до 38/50 степени, додека во недела се очекуваат неколку степени помалку од 28 – 35. степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …