Хипохондрите живеат подолго

Невротичните луѓе кои оцениле дека нивното здравје е слабо без физички причини за тоа (хипохондрија) имаат помал ризик од смрт. За нив се смета дека повеќе се грижат за своето здравје и почесто бараат совет.
– Нашите откритија се значајни затоа што покажуваат дека да се биде голем невротик може да има заштитни ефекти, можеби затоа што овие луѓе се повнимателни со своето здравје – рекол водачот на студијата, проф. Кетрин Гејл.

Невротичноста се карактеризира со емоционална нестабилност, тага, слаба самодоверба, лутина, вознемиреност, вина и фрустрација. Тоа е поврзано со аверзија, депресија и прекумерно пиење и пушење. Но, студија од 2012, година открила дека невротичните лица имаат пониско ниво на биомаркери за воспаление и хронични болести, токму затоа што повеќе се грижат за своето здравје.

Податоците покажале дека луѓето кои имаат поголема невротика имаат помал ризик од смрт
Истражувачи од Универзитетот во Единбург истражувале податоци од британската Биобанка за 500.000 луѓе на возраст меѓу 37. и 73. години и ја истражувале врската помеѓу невротичноста и ризикот од смрт во зависност од тоа како луѓето го карактеризираат нивното здравје. Учесниците пополниле приватни прашалници и одговориле дали се чувствуваат одлично, добро, просечно или лошо кога станува збор за нивното здравје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДА ПОМОГНЕМЕ: Во Дебар маало е изгубен е малиот Михаил!

Изгубено е детето Михаил, во Дебар маало. Детето возело мал зелен точак, и било облечено …