Со храна против висок притисок

Докажано е дека една чаша сок од боровинка секој ден го намалува крвниот притисок.

Доколку сакате да ја намалите веројатноста за заболување, најдобриот совет е да ги намалите ризиците што придонесуваат за појава на хипертензија – избегнувајте сè што е солено, масно, засладено со шеќер, како и кафе и алкохол. Вежбајте редовно и јадете здраво. Ако, пак, веќе страдате од висок крвен притисок, тоа може да се нормализира со лекови препишани од лекар, но и со соодветна исхрана. Еве неколку намирници кои ќе имаат корисен ефект врз вашиот кардиоваскуларен систем:


Цвекло
Клиничките испитувања потврдуваат дека сокот од цвекло го намалува крвниот притисок за 4-10 mmHg во рок од два до четири часа. Намалувањето од само 5 mmHg го намалува ризикот од срцев или мозочен удар за дури 15 проценти! Во исхраната е пожелно да се вклучи сок од цвекло, кој можете сами да го исцедите.


Лук
Корисните ефекти на лукот во третманот на висок крвен притисок се познати уште од античко време. Во античко време, лукот се користел прво како лек, а дури подоцна како храна во исхраната. Потврда за ова може да се најде во списите на античките цивилизации на Египет, Вавилон, Кина, а подоцна и на Рим и античка Грција. Активната состојка на лукот е алицин, соединение на сулфур што се јавува кога ќе здробите, исецкате или грицкате лук. Покрај ефектот врз намалување на крвниот притисок, лукот е добар борец против лошиот ЛДЛ холестерол, затоа е дефинитивно неопходно да се вклучи во секое здраво мени. Две ченчиња се сосема доволни.

Бадеми и индиски ореви
Јатките што растат на дрвјата, како што се бадемите и индиските ореви, имаат висока содржина на магнезиум – минерал кој игра улога во повеќе од 300 процеси во организмот. Недостаток на магнезиум во организмот е директно поврзан со зголемен притисок, а кога овој недостаток се компензира, притисокот паѓа. Две третини од нашите граѓани имаат поголем или помал недостаток на магнезиум во исхраната, а со тоа ризикуваат зголемена веројатност за кардиоваскуларни заболувања. Дневната потреба за магнезиум е 300-400 мг, што е приближно 100 до 140 грама од овие јатки, кои, се разбира, не треба да се солени.

Кељ и спанаќ
Тие се преполни со витамини, минерали и антиоксиданти. Она што го разликува кељот од другиот зелен зеленчук е неговиот состав, тој е богат со магнезиум, калиум и витамин Ц. Исхраната богата со калиум заедно со магнезиум, исто така, позитивно влијае на намалувањето на крвниот притисок. Калиумот очигледно го подобрува дејството на магнезиум, а кељот, исто како и спанаќот, е ризница на двата минерали. Спанаќот има малку помалку витамин Ц, што го подобрува дејството на двата минерали, така што кељот сепак е нешто поефикасен во намалувањето на хипертензијата.

Боровинки
Тие се природен извор на антоцијанини – заштитни материи од висок крвен притисок. Ако имате притисок малку над нормалниот, со земање на една чаша боровинки на ден, ќе можете да го нормализирате. По месец и половина конзумирање на боровинки, систолниот притисок опаѓа за 5 mmHg, покажуваат неодамнешните студии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …