Нутриционистка објаснила зошто оваа намирница е се’ попопуларна како извор на протеин

Не е тајна дека грашокот е здрава храна, која многумина ја консумираат секој ден, а поради високи приноси, достапност и ниската цена производството на грашок се наметна лкако добар извор на комерцијален протеински прав. Кои се придобивките од оваа храна и како позитивно влијае на нашето тело, објасни Маг. нутр. Мирја Зупчиќ.

Главните предности на грашокот како извор на протеини, ако го споредиме со соја, се добра хранлива вредност и фактот дека тој не е генетски модифициран и не е алерген. Овие својства осигуруваат дека производите со протеини од грашок можат да носат ознака „clean label“.
„clean label“ (Чиста етикета) се производи што содржат помалку состојки, но состојките се квалитетни, не содржат шеќер и вештачки засладувачи или алергени. Со други зборови, потрошувачите ги доживуваат производите со ознака „чиста етикета“ како здрави.
Протеините од грашок може да се консумираат, како и други добро познати протеински прашоци, измешани во вода, сок или овошно смути. Но, тие исто така можат да се најдат во многу прехранбени производи како функционална состојка за зголемување на хранливата вредност и текстура на производите, како што се закуски, замени за месо и вегетаријански колбаси, бисквити и тестенини.

loading...

Дали протеините од грашок се здрави?
Во многу научни студии, протеините од грашок се многу пофалени. Пријавени се нивните антиоксидантни и антиинфламаторни својства и способност за намалување на крвниот притисок и холестерол, како и позитивно влијание врз активноста на бактериите во нашите црева. Овие факти сугерираат дека редовното внесување протеини од грашок може да го намали ризикот од одредени болести и да има корисен ефект врз здравјето.
Протеините од грашок ги содржат сите девет есенцијални амино киселини и се добар извор на аминокиселини со разгранет ланец кои го стимулираат растот на мускулите. Истражувањата покажуваат дека протеините од грашок се подеднакво ефикасни во зголемувањето на мускулната маса како и протеините од сурутка, кога се комбинираат со вежбање. Исто така, протеините од грашок содржат импресивна количина на железо. Тие содржат повеќе од 5 мг железо во една порција, што е скоро 40% од препорачаната дневна доза. Сепак, треба да се има предвид дека железото од растителни извори е помалку корисно од железото од животинско потекло, а за подобро искористување на железото, протеините од грашок треба да се комбинираат со храна богата со витамин Ц.


Како да внесете протеини од грашок во исхраната?
Протеините од грашок се одличен избор за секој што сака да ја зголеми количината на протеини во својата исхрана. Тие се квалитетен и лесно сварлив извор на протеини што го зголемува чувството на ситост и се одличен избор за луѓето кои се обидуваат да изгубат вишок килограми. Тие можат да се консумираат по вежбање за да помогнат во зголемување на мускулната маса. Иако протеините најчесто се консумираат измешани во вода, сок или пијалак, протеините може да се додадат во каша од житни култури, домашно печиво, мафини или колачи, а може да се замрзнат и да се консумираат како сладолед со додавање на состојки по ваш избор, како на пр. овошје, путер од кикирики и чоколадо.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Единствената принцеза што смее да ја носи: Шарлин од Монако во проѕирна кошула поставила нов моден предизвик

Принцезата Шарлин од Монако присуствувала на свеченото отворање на продавница за луксузни часовници во Монте …