(ВИДЕО) Приказната за Новак, девојчето и рекетот ја добила најдобрата страна!

Новак Ѓоковиќ го оствари сонот на девојчето Иванка Ли кога во Лондон после победата во финалето на Вимблдон и го даде рекетот со кој играше,а Иванка Ли со истиот веќе тренира.
По освојувањето на Вимблдон, историскиот реквизит заврши во рацете на пријатното девојче кое му направи транспарент.А, кој очигледно го привлекол вниманието на првиот тенисер на светот.
Новак ја виделза време на натпреварот, се сетил каде е и отиде да и даде рекет кога заврши со церемонијата.
Девојчето долго време беше во неверување, а нејзината мајка го опиша нејзиното воодушевување за британските медиуми.
„Иванка е воодушевена. Разговаравме на телефон и таа ме праша ‘Што се случи, дали е ова вистински рекет?’ За тоа време, го шетав кучето со мојот петгодишен син, бидејќи тој не можеше да влезе на трибините поради неговата возраст. Посакувам да бевме сите заедно“, рекла нејзината мајка.
Заедно со Иванка, која тренира тенис, бил нејзиниот татко а штом рекетот заврши во вистински раце, следело одење на тренинг.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Дали Роналдо конечно ќе ја добие вистинската казна по срамниот инцидент на Олд Трафорд

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед е обвинета од Фудбалската асоцијација на Англија, откако открила видео на …