(ВИДЕО) Снимката од емотивната средба на Меси и сопругата е прегледана скоро 3. милиони пати

Фудбалската репрезентација на Аргентина го победи Бразил во финалето на Копа Америка, а Лионел Меси со тоа го освои својот прв меѓународен трофеј во дресот на националниот тим. Неговата сопруга Антонела Рокузо исто така беше среќна за победата.
По подигнувањето на трофејот, Меси пристигна во аргентинскиот град Росарио, каде на аеродромот го пречека неговата возбудена сопруга. Снимката од нивната средба е објавена на Твитер и досега е прегледана 2,7 милиони пати.

На видеото се гледа како Антонела втрчува во прегратките на нејзиниот сопруг, скока врз него и го бакнува. Љубителите на фудбалот се воодушевени.
Двојката ја прослави четвртата годишнина од бракот кон крајот на јуни. По тој повод, Антонела објави видео од нивната венчавка. Сопругата е секогаш најголемата поддршка на Меси.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …