(ВИДЕО+ФОТО) Се огласило семејството на девојчето Иванка на која Новак и го подари рекетот! Девојчето го смислило транспарентот!

Новак Ѓоковиќ го обележа Ролан Гарос давајќи му рекет на момче, сега реквизитот заврши во рацете на едно девојче.
Девојчето по име Иванка Ли не можело да поверува дека го добила рекетот од историскиот натпревар, во кој Новак го освои 20-от Грен слем.
Новинарите на британски „Телеграф“ го пронашле семејството и разговарале за овој гест,а мајката Крис ги открила деталите.
„Иванка е воодушевена. Разговаравме на телефон и таа ме праша ‘Што се случи, дали е ова вистински рекет?’. За тоа време, го шетав кучето со мојот петгодишен син, бидејќи тој не можеше да влезе на трибините поради неговата возраст. Посакувам да бевме сите заедно“, рекла нејзината мајка.
Токму тие две биле тие што го направиле транспарент на кој пишуваше НОВАК на начин на акростик. N значело број 1, О дека е неверојатен, V дека е победник, А да биде амбициозен и последниот К се однесувало на бакнежи.
„Таа ги смисли сите зборови, освен последниот. Таа сакаше последниот збор да биде крал или прекрасен, но јас сакав да биде нешто смешно. Ние навистина го обожаваме Новак. Тој работи напорно, тој е сè што сакате еден тенисер да биде. Тој е толку добар“, заклучила мајката на Иванка Ли.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) As: Бензема има нов клуб. За две сезони ќе заработи 400 милиони евра

AS пишува дека Карим Бензема (35) е се поблиску до заминување од Реал Мадрид. Засега …