(ВИДЕО+ФОТО) Новак Ѓоковиќ и’ на Вимблдон усреќи млада обожавателка подарувајќи и го „победничкиот“ рекет!

Новак Ѓоковиќ усреќи малечко девојче подарувајќи и го неговиот рекет по завршувањето на финалето на Вимблдон.
Забележувајќи го малечкото девојче, Ѓоковиќ ја прочитал нејзината порака – транспарент и отрчал да и го даде рекетот.

Познатиот тенисер кој е поознат по своето културно и одмерено однесување и вон теренот го направи истиот гест и на неодамна одржаниот Ролан Гарос.

Девојчето на финалето на Вимблдон имала транспарент со кој го опишува Новак како човек, што за емотивниот тенисер и татко било доволно да потрча и да и го даде рекетот.

The Telegraph открил кое е седумгодишното девојче со транспарент за поддршка на српскиот тенисер. Младата Азијка веќе и’ самата игра тенис, го сака Ѓоковиќ, а се вика Иванка Ли.
„Првпат беше на финалето на Вимблдон и го виде Ѓоковиќ по прв пат. Се надевам дека рекетот ќе и донесе среќа на Вимблдон еден ден. Таа сака тенис“, рекла нејзината мајка.

Фото: Принтскрин/Twitter

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …