(ФОТО) Од среда рампа за НЕВАКЦИНИРАНИТЕ: Туристите, ако не примиле две дози на вакцина, нема да можат да патуваат во оваа земја на Европската унија

Прва земја во Европската унија што ја донесе оваа одлука.
Малта од среда ќе им забрани на сите невакцинирани посетители да влегуваат во земјата, најави министерот за здравство, Крис Ферн.
Негативен тест за вирусот повеќе нема да биде доволен за да се премине границата на тој мал медитерански остров.
„Ние ќе бидеме првата земја во Европската унија што ќе донесе оваа одлука, но мора да го заштитиме нашето општество“, рекол Ферн на денешната прес-конференција. Тој го изјавил тоа откако на Малта од понеделникот се регистрирале двојно повеќе заразени лица од претходниот ден.

До денес, туристите можеа да влезат на Малта ако се целосно вакцинирани или ако можат да презентираат негативен PCR тест. Единствен исклучок се британските туристи, кои веќе мораа да бидат целосно вакцинирани поради распространетоста на варијантата делта во нивната земја. „Сертификатите важат само за оние кои се целосно вакцинирани“

Ферн рекол дека неодамнешното зголемување на бројот на нови случаи е меѓу посетителите кои иако имале негативен тест пред да се качат на авионот, биле невакцинирани. Повеќето се млади луѓе кои посетуваат училишта на англиски јазик. Тие училишта, од среда, ќе мора да се затворат.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …