(ФОТО) НЕ КРИЈАТ ДЕКА СЕ ЗАЕДНО! Еда од тв серијата „Чукни на мојата врата“ СО ЕМОТИВНА ПОРАКА му го честитала роденденот на Серка!

Не требаше долго за убавата романтична комедија „Чукни на мојата врата“ да ги освои срцата на публиката. Серијата, која е на програмата на Првата телевизија секој работен ден во 19.10 часот, ги прикова гледачите на малите екрани од самиот почеток на емитувањето, а делумните „виновници“ за тоа се главните протагонисти на овој проект, убавата Ханде Ерцел и атрактивниот Керем Бурсин.
По скоро една година негирање, најпопуларната турска актерска двојка на сите им стави до знаење дека хемијата од сетот прераснала во нешто повеќе.
Имено, по завршувањето на снимањето на првата сезона од нивната серија, Ханде и Керем заедно отпатувале на Малдивите, а посебно внимание на јавноста привлекле одредени моменти од оваа егзотична дестинација што ги споделија со своите следбеници на социјалните мрежи.

Преку споделени фотографии, тие ставија до знаење дека се во љубовна врска, а неодамна 27-годишната актерка Ханде на својот Инстаграм на посебен начин му го честиташе роденденот на својот партнер.
„Останете близу до луѓето што зрачат. Среќен роденден на најзабавниот дел од мојот живот, јас сум многу среќна што те имам”, напишала таа.

Фото: Принтскрин/prva.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На концертот на Адел во Лас Вегас ќе можат да дојдат само луѓе кои се вакцинирани и имаат негативен тест

Обожавателите кои сакаат да присуствуваат на концертот на пејачката Адел во Лас Вегас мора да …