(ФОТО) ВИМБЛДОН ФИНАЛЕ – БЕРЕТИНИ И ЃОКОВИЌ: „Тревата повеќе му одговара отколку мене!“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пласманот во финалето зборувал на прес-конференција.
Ѓоковиќ стигна до финалето на Вимблдон преку Денис Шаповалов во полуфиналниот натпревар.
Таму ќе игра со Матео Беретини, со кого веќе играше на Ролан Гарос, но сега се работи за сосема поинаков турнир на сосема друга површина.

„Тој е еден од најдобрите во светот во изминатите 12 месеци. Мислам дека имаше неколку големи победи против Доминик Тим, да речеме Австралија или УС Опен … Тој постојано напредува, неговиот форхенд е многу силно оружје и може да се види дека игра многу добро, тој го докажа тоа на секоја подлога. На финалето во Мадрид, на пример, па дури и четвртфиналето на Ролан Гарос против мене. Тревата му одговара повеќе отколку мене, тој сервира многу добро и тоа го прави добро во текот на целиот турнир, но верувам во мојот ритерн“, рекол Ѓоковиќ.

Беретини за прв пат ќе игра во финалето на Грен слем турнир, а новинарите се интересирале дали Новак се сеќава на неговиот прв.
„Тоа беше во 2007 година, пријателе, пред скоро 15. години … Во Њујорк. Изгубив три тешки тај-брејка од Роџер Федерер. Бев воодушевен што бев во финалето и бев толку близу … Играв добро против Роџер, но мислам дека не верував доволно во себе. Се’ зависи, сите сме различни. Првото финале го играв кога имав само 20. години, а Матео е малку постар и веќе доживеа неколку одлични моменти на важни турнири“.

Фото: Принтскрин/Wimbledon

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …