Најважни минерали кои ни се најпотребни на овие вруќини

За да бидете сигурни дека добиваме доволно минерали, најважно е да јадеме многу лиснат темно зелен зеленчук. Различни житни култури се исто така богати со важни минерали, како и јајцата.
Ако не сте во состојба да внесете доволно одредени минерали во вашата исхрана, можете да се обидете да ги надоместите со додатоци.
Внесувањето на доволни количини на минерали е поврзано со количината на енергија што ја имаме, што ни помага да функционираме и да бидеме активни, со здрави коски и правилна функција на тироидната жлезда.
Ако јадете различен свеж зеленчук секој ден, многу е веројатно дека ќе добиете доволно минерали, но во текот на летото треба да јадете уште повеќе бидејќи минералите се губат преку потењето. Затоа е добро да се знае кои се најважните минерали што треба да ги земаме секој ден.


Железо
На телото му е потребно железо за да пренесува кислород низ телото. Кога не внесувате доволно железо, уморни сте и слаби, а тоа чувство може да стане навика ако не го зголемите внесувањето на овој исклучително важен минерал.
Секогаш земајте железо со витамин Ц, што ја поттикнува неговата апсорпција, па ако јадете храна што ги содржи и двете хранливи состојки, бидете сигурни дека правите добра работа.


Калциум
Знаеме дека калциумот е неопходен за цврсти коски, а тоа е особено важно за децата. Истражувањата покажаа дека внесувањето доволно калциум во детството помага да се достигне максимална коскена маса до 18-годишна возраст, што ја намалува веројатноста за развој на остеопороза подоцна во животот. Млечните производи се богати со овој важен минерал, како и растителната храна како спанаќот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте дали сте хипохондрик? Неколку знаци дека имате психичко пореметување!

Хипохондријата е  психичко пореметување кое се манифестира во постојано фокусирање на личноста на своето физичко …