За да не ги гледаме врските постојано од призмата на хороскопот, ви претставуваме интересна перспектива од аголот на месецот во кој сме родени. Еве како стојат работите:
Јануари – Причината зошто луѓето сакаат да бидат со нив е дека тие се многу лојални и романтични. Тие се крајно амбициозни, поради што нивниот партнер може да се почувствува запоставен. Тие треба да најдат начин да балансираат помеѓу деловниот и приватниот живот, така што ниту една од страните нема да страда.
Февруари – Најдоброто нешто кај овие луѓе е што тие имаат фасцинантна природа. Тие се со слободен дух, со многу широк поглед на светот. Тешко е да ги сакате затоа што им е тешко да покажат чувства и никогаш не знаете што да правите со нив, што може да биде фрустрирачко.
Март – Дефинитивно, едни од најдобрите и најчувствителните луѓе. Тие се чувствителни, внимателни и многу е пријатно да се биде во нивна близина. Единственото нешто што ги прави несоодветни за врска е дека тие се премногу чувствителни и не знаат како да одат напред, туку честопати гледаат наназад.
Април – оние чиј роденден е во април се многу непредвидливи, со возбудлива енергија и многу забава. Можеби изгледа како вистински предизвик да се биде со нив. Од друга страна, тие можат да бидат многу агресивни, обидувајќи се да ги контролираат вашите емоции и однесување. Комуникацијата со нив е многу предизвикувачка и полна со возбуда.