„Аптеката“ за патување мора да ги содржи овие лекови

Без оглед каде патувате, секогаш е паметно да понесете мала „патничка аптека“, која ќе содржи лекови и додатоци за акутни состојби, можни хронични заболувања, како и средства за лична хигиена.
Ако сте на терапија, проверете дали имате доволно лекови и други потребни материјали пред да патувате. Совет е лекот секогаш да го носите во оригиналните кутии, кои содржат и упатства за употреба.

Хроничните пациенти, бремени жени или лица со попреченост треба да го известат својот лекар за патувањето со цел да им дадат препораки и совети.
Исто така, треба да се донесат антисептици, аналгетици, антихистаминици, антипиретици, ентеросептици, како и фластери.


Фластерите ни се потребни за санирање на повредите и добро е да донесеме завој за прва помош. Постарите лица под терапија треба прецизно да ги спакуваат своите лекови со цел да ги имаат за секој ден. Исто така, потребно е да имате лекови против дијареја, како и ентеропсептија, против стафилококи, кои се чести особено во текот на летото, бидејќи тие често се наоѓаат на млечни производи и мајонез.


За време на патувањето е потребно да се консумираат доволно течности, како и оросал за рамнотежа на електролитите во телото.

Исто така, потребно е да се спакуваат и креми и млека за сончање, за возрасни најмалку фактор 30, и за деца од 30 до 50. Колку е помало детето, толку е поголем факторот што треба да се користи. Се препорачува кремот да се нанесе половина час пред излегување на сонце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте дали сте хипохондрик? Неколку знаци дека имате психичко пореметување!

Хипохондријата е  психичко пореметување кое се манифестира во постојано фокусирање на личноста на своето физичко …