(ФОТО) Уште еден чекор: Ѓоковиќ е (повторно) во финале на Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ повторно е во финалето на Вимблдон! Најдобриот тенисер на светот во полуфиналето го победи младиот Канаѓанец Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:5, 7:5.
Србинот ќе го игра финалето на Вимблдон трет пат по ред, вкупно седми пат. Ѓоковиќ по 30-ти пат ќе се бори за титулата на Грен слем турнирите.
Новак ја постигна 20-та победа во низа на терените на Ол Ингланд клубот, а му недостасува уште една за да стигне до третата последователна титула. Србинот во недела во Лондон ќе се бори за шестиот трофеј, вкупно 20-ти на Грен слем турнирите.
Ѓоковиќ годинава во Лондон ги совлада Драпер, Андерсон, Кудла, Гарин, Фуковиќ и сега Шаповалов.


Матео Беретини го чека во финалето. Србинот води со 2:0 во меѓусебните дуели со Италијанецот. Тие последен пат се сретнаа во четвртфиналето на Ролан Гарос оваа година, а Новак славеше после четири сета.

Иако славеше со максимален резултат, на Ѓоковиќ не му беше лесно во ова полуфинале. Шаповалов добро сервираше, но тој направи грешки во клучните моменти, не беше на висина на задачата, па неговиот најдобар учинок на Грен слемите останува во полуфиналето.

Фото: Wimbledon.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Виз Ер Скопски Маратон ги додели наградите за тим билдинг трката и штафетниот маратон– ЕУ за спорт

Вчера вечер во Брик бар сеодржа доделувањето на наградите за тим билдинг трката, која беше …