(ФОТО) МЕЛАНИЈА ТРАМП ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТ ПО НАПУШТАЊЕТО НА БЕЛАТА КУЌА: Шета по Њујорк и изгледа СОВРШЕНО!

Откако Доналд Трамп ги загуби претседателските избори и тој и Меланија ја напуштија Белата куќа, поранешната прва дама беше видена за прв пат во Њујорк, а се шпекулира дека летото ќе го помине во друштво на нејзиниот син Барон на Менхетен и во Бедминстер и Њу Џерси.
Во еден од нејзините први јавни настапи по напуштањето на Вашингтон за поранешната прва дама Меланија Трамп, таа беше фотографирана како пристигнува во кулата Трамп на Менхетен. Ова беше многу редок случај, бидејќи Меланија не е видена надвор од Палм Бич откако таа и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Доналд Трамп, се преселија таму по поразот на изборите. Имено, Доналд и Меланија сега живеат во приватен клуб во Флорида.
Уште во мај, Доналд беше виден како лета за Бедминстер во Њу Џерси, каде тие исто така поседуваат еден од луксузните клубови за голф, но Меланија во тоа време не беше видена во негово друштво. Сепак, магазинот „Пипл“ наведува дека Меланија ова лето ќе го помине на две локации – едниот дел во семејната резиденција на Менхетен, а другиот во викендичката во Бедминстер.
Поранешниот 75-годишен американски претседател моментално се наоѓа во Бедминстер, каде неодамна одржа прес-конференција, чија причина беше објавувањето тужби против неколку технолошки компании.
„Иако Палм Бич е нивната главна резиденција, Трамп го поминува летото на релација меѓу Њујорк и Њу Џерси“, открива близок извор на Трамп, додавајќи: „Меланија и нејзиното семејство прават многу работи заедно, но не и со Доналд. Изворот додава дека Меланија се обидува да остане близу до истиот град во кој живее нејзиниот сопруг, но дека продолжила да го следи нејзиниот распоред, така што повремено сама патува низ САД и странство.

„За Доналд тоа е во ред, сè додека Меланија е среќна, таа го остава сам и се појавува во јавноста кога ќе биде потребно. Меланија е најсреќна кога е опкружена со семејството, вклучувајќи го и синот. Таа многу добро знае како да си го организира животот за да биде што поисполнет“, вели изворот.
За разлика од поранешната сопруга на Доналд, Ивана, која сакаше да биде социјално и деловно активна како Доналд, Меланија претпочита да го поминува времето со своето семејство. „Меланија беше воспитана многу поинаку и сака нејзините родители и сестра да уживаат во сè што можат да понудат Соединетите држави. Нејзиното семејство не беше богато“, открива изворот и додава дека Меланија не сака да биде во центарот на вниманието. „Никогаш не сакаше да биде во центарот на вниманието на медиумите, а сега дури и помалку и се допаѓа. Таа ќе стори се што може за да избегне фотографирање или интервју“, изјавил извор за „Пипл“.

Извори блиски до поранешната прва дама претходно открија дека Меланија поголемиот дел од времето го поминувала во приватен клуб во Флорида на бањски третмани и во друштво на нејзиниот 15-годишен син Барон. Таа исто така организирала канцеларија од која ја водела нејзината иницијатива „Биди најдобар“, започната за време на мандатот на Доналд, чија цел е да се фокусира на прашања за благосостојба на децата, како што се сајбер насилството.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …