(ФОТО) Мајка го прашала синот дали му пречи што сопругата му е неуредна: Еве што и одговорил!

Знаете и сами колку е тешко да одржувате совршено чист стан со сите обврски што ги имате во текот на денот, особено ако децата се таму. Сепак, совршено уреден дом не е гаранција за среќен брак, вели еден човек, Клинт Едвардс, кој го води блогот No Idea What I’m Doing: A Daddy Blog (Немам поим што да правам: Блог на тато)

Имено, кога неговата мајка во телефонски разговор го прашала дали му пречи што неговата сопруга Мел, со која има три деца, не ја одржува куќата уредна, Клинт првично не знаел што да и каже. Тој знаел дека неговата мајка не сака да биде лоша кон Мел, но била само љубопитна, па откако размислил за тоа, и одговорил на својата мајка, а потоа го споделил своето мислење на Фејсбук.


Клинт и објаснил на својата мајка (но и на целиот свет) дека чистењето на куќата не е работа на неговата сопруга.
-Гледам дека нашиот брак е партнерство и чистењето треба да биде исто толку моја одговорност колку и нејзина. Признавам, честопати сме преплавени со детски играчки, има неизмиени садови во мијалникот и недовршени уметнички проекти. Исто така, ќе признаам дека не е толку чисто како кај мајка ми, но не ми пречи, пишува Клинт.
Клинт знае дека грижата на неговата мајка произлегува од големите очекувања својствени на нејзината генерација, но тој исто така тврди дека тоа никогаш не било на списокот на посакувани одлики на жената со која би се оженил.
– Не мислев дека сопругата ќе чисти. Размислував дали би ми се допаднало тоа што таа ќе го каже. Размислував за тоа како ќе се чувствувам со неа. Размислував дали ќе се смее многу. Ми се допаѓа тоа. Дека е љубезна и грижлива и дека е личност со која би сакал да имам деца, истакнал тој.
Неговиот одговор ги воодушеви корисниците на Фејсбук и бил преплавен со илјадници лајкови, особено делот поврзан со последниот одговор на неговата мајка:
– Не влегов во овој брак за чиста куќа. Влегов затоа што таа се чинеше како некој со кого би можел да го поминам животот. Неговата мајка, вели Клинт, му рекла дека тоа е веројатно поважно од чиста куќа.
„Да, и јас така мислам“, одговорил Клинт.


Извор: Miss7

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …