Топло, жешко…Какви температури не очекуваат во наредните 5. дена?

Како да сме среде лето – топло, жешко, а најжешките денови уште не започнале…Еве што најавува УХМР за наредните 5. дена:
Денес (четврток) ќе биде сончево и многу топло, во источните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ=9
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево, многу топло, со мала локална облачност.
T= 39 °C, P= 981 hPa, U= 30 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
УВ=9
Петок исто така ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9


За сабота се најавува претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Минимална температура: 13°C до 21°C. Максимална температура: 29°C до 37°C. УВ=8
Во недела претпладне ќе биде променливо облачно. А од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Минимална температура: 12°C до 20°C. Максимална температура: 28°C до 35°C. УВ=8
За понеделник се најавува сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минимална температура: 12°C до 20°C. Максимална температура: 30°C до 37°C. УВ=8

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …