На овој начин телото се буни: Знаци дека јадете премногу леб, а не се вишок килограми!

Лебот долго време се сметаше за главен виновник кога станува збор за дебелеење. Иако ова не е целосно точно, може да се претера и со оваа намирница.
Лебот не е проблематичен само поради калориите, туку и поради обработените јаглехидрати кои предизвикуваат благо воспаление во организмот. Тие можат да бидат причина за многу здравствени проблеми, кои вклучуваат замор и конфузија, како и деконцентрација, пишува Eat This Not That.
Студијата спроведена на 1.230 лица на возраст од 70. до 89. години, покажала дека оние кои јадат најмногу храна богата со јаглехидрати имаат најголем ризик од развој на когнитивни проблеми.
Овие сигнали ни ги испраќа телото кога јадеме премногу леб:

1. Вие сте секогаш гладни
Ако посегнете по леб кога сте гладни, тоа може да ги влоши работите.
„Повеќето видови леб се рафинирани и имаат малку хранливи материи. Ова значи дека вашето тело не регистрира дека сте јаделе нешто и не се чувствувате сити по конзумирањето леб. Тоа само го зголемува нивото на шеќер во крвта, што ве прави уште погладни“, изјавила нутриционистката Шана Хусин.


2. Често имате болка во стомакот
Иако многу луѓе сметаат дека лебот со влакна е добар, не се сите такви. „Некои видови леб додаваат влакна како што се инулин и бетаглукан, кои се поврзани со болки во стомакот, надуеност и гасови кога премногу ги консумирате“, вели нутриционистката Рејчел Фајн.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепти) ЗЛАТНА ТРОЈКА за долговечност: Мед, цимет и вода за зачувување на здравјето на ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ – Ќе се ШОКИРАТЕ што се’ лекува!

Комбинацијата на мед и цимет е особено важна за проблемите со срцето, и се препорачува …