ВО ГРЦИЈА СЕ ШИРИ ДЕЛТА СОЈОТ: Во најава нови рестрикции – Најмногу на удар младите

Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција рапидно расте, а позаразниот делта се шири рапидно, особено кај младите.
Според грчките медиуми, само на една забава во познат бар на плажа во Атина, биле заразени околу стотина млади, јавуваат грчките медиуми.
Затоа, најавени се нови ограничувања. Од утре, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.
Во последните 24 часа регистрирани се 1.797 новоинфицирани лица, од кои над 1.000 во поширокиот регион на Атика, а осум пациенти починале. 168 пациенти се на респираторот.


Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардијас, предупредил дека во последните 10. дена просечната возраст на новозаболените лица е 27. години и дека 32. проценти од нив најверојатно биле заразени на собири на отворено.
– Поинфективниот вид на делта можеби стана доминантен и се шири во Грција – рекол тој и ги повикал граѓаните да се вакцинираат.
Тој додал дека има голем скок во бројот на случаи, кои се зголемени скоро тројно од 28. јуни.
– Вакцинирајте се веднаш. Особено помладата генерација треба да ги заштити своите родители и другите постари – рекол тој за грчката национална телевизија ЕРТ.

Извор:Tanjug

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …