(ВИДЕО+ФОТО) НЕЗАПИРЛИВ: Ѓоковиќ по 10. пат во полуфиналето на Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ ја продолжи низата од победите на Вимблдон! Најдобриот тенисер на светот се пласираше во полуфиналето на третиот грен слем во сезоната, откако го совлада Унгарецот Мартон Фучовиќ со 6:3, 6:4, 6:4.
Ѓоковиќ ја оствари 19-та последователна победа во Ол Ингланд клубот, исто така 100-та во кариерата на трева. Србинот се пласираше во 10. полуфинале на Вимблдон, 41. на Грен слем турнирите во кариерата.

Српскиот тенисер се приближи на само две победи на 20-от Грен слем во кариерата. Негов ривал во борбата за финалето ќе биде победникот од дуелот Шаповалов – Хачанов.
Најдобриот резултат на Фучовиќ на Грен слем турнирите ќе остане во четвртфиналето.
Ѓоковиќ славеше по два часа и 16. минути. Тој забележа 23. винери со 30 грешки, додека Фучовиќ имаше 24. директни поени и 31. промашување.

Ѓоковиќ фантастично го започна натпреварот. Иако направи две грешки на воведниот гем, тој брзо го фати ритамот, па целосно ја контролираше ситуацијата на теренот. Со два брејка, Србинот поведе со 5:0. Потоа првиот рекет во светот имаше и две сет топки врзани за сервисот на ривалот, но не ги искористи.
Имаше пад во играта, Ѓоковиќ направи повеќе грешки, па разиграниот Фучовиќ врати еден брејк. На крајот се водеше голема борба, но Новак ја искористи шестата сет топка.

Вториот сет беше сосема поинаков од првиот. Унгарецот играше со голема самодоверба, кој спаси четири брејк топки во првиот гем. Тенисерите се надигруваа во продолжението, така што Србинот конечно го скрши отпорот на ривалот во деветтиот гем. Тоа беше доволно за да стигне до сетот.
Веќе на почетокот на третиот сет, првиот рекет во светот направи брејк. Фучовиќ тогаш имаше три врзани поени за брејк, а потоа уште една шанса да го врати изгубеното. Сепак, Србинот тогаш одлично сервираше, па поведе со 2:0. Во продолжение и двајцата имаа уште една брејк топка, но не ги реализираа. Со рана предност, Новак дојде до максимална победа.

Фото: Принтскрин/wimbledon.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …