Пет важни работи кои треба да ги знаете за делта варијантата на коронавирусот

Кашлањето и губењето мирис се чини дека се поретки. А има главоболки, болки во грлото, течење на носот и температура…
За прв пат во повеќе од една година, има трошка надеж или барем доза на претпазлив оптимизам дека вирусот ќе се повлече. Но, експертите сè уште се загрижени за појава на нови мутации во коронавирусот, можно е вирусот да се врати и да биде уште посилен.
Од голема загриженост во моментот е делта варијантата на коронавирусот, многу заразна (а можеби и поопасна), која за прв пат беше идентификувана во Индија во октомври минатата година.
Брзо се прошири низ Индија, а потоа и во Велика Британија, предизвикувајќи сè поголем број на заразени и мртви. Првиот случај на делта инфекција во Соединетите држави беше дијагностициран пред неколку месеци, а бројот на заразени таму сега рапидно се зголемува.

Делта се шири и во Европа
Експертот за заразни болести од Медицинскиот факултет на универзитетот Јеил, Инци Једрулим, не е изненадена од развојот на ситуацијата, пишува порталот „Science Alert“.
„Сите вируси еволуираат и се менуваат со текот на времето, ширејќи се и реплицирајќи се“, рекла таа.
Но, делтата е единствена во тоа колку брзо се шири, рекол Ф. Пери Вилсон, епидемиолог на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил.
„Делта сигурно ќе ја забрза пандемијата ширум светот“, рекол тој.
1. Делта е позаразна од другите варијанти
Делта е назив за варијантата В.1.617.2., мутација на вирусот САРС-КоВ-2 што првпат се појави во Индија.
Првиот случај на делта инфекција беше идентификуван во октомври 2020. година, и тој брзо се прошири и стана доминантен во Индија, а потоа и во Велика Британија.
До крајот на јуни, делта веќе сочинуваше повеќе од 20. проценти од случаите во САД. Таа бројка рапидно расте, па се очекува наскоро да преовладува и во таа земја.
Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека оваа варијанта на вирусот е „најбрза и најсилна“.
„Всушност е прилично драматично како стапката на раст ќе се промени“, рекол Вилсон.
Делтата се шири 50. проценти побрзо од алфа, што беше за 50% позаразно од оригиналната варијанта на вирусот, што значи дека новата варијанта е 75% позаразна од оригиналната, рекол тој.
„Во целосно неограничена околина, во која никој не е вакциниран и не носи маска, се проценува дека просечно лице заразено со оригиналната варијанта ќе зарази уште два и пол луѓе“, рекол Вилсон. „Во истата околина, делтата ќе се прошири од една личност на можеби 3,5 или 4“.


2. Ризик за невакцинираните
Невакцинираните се изложени на најголем ризик.
Децата и младите исто така се причина за загриженост.
„Неодамнешна студија од Велика Британија покажа дека децата и возрасните на возраст под 50. години имаат 2,5 пати поголема веројатност да се заразат со варијантата делта“, рекла Инџи Јилдирим.
„Додека постарите генерации се вакцинираат, помладите и невакцинираните ќе бидат изложени на поголем ризик од заболување од која било варијанта на ковид 19“, рекла таа. „Но, делтата се чини дека влијае на помладите генерации повеќе од претходните варијанти“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …