Глумецот од познатиот хорор починал на 23 години

АКТЕРОТ Даниел Микелсон, најпознат по улогата во серијата „Мани“ и хорор филмот „The Killer Clown Meets the Candy Man“, починал на 23-годишна возраст. Тажната вест ја потврдила неговата сестра Мередит со објава на Инстаграм.
„Срцето ми е скршено, а пишувањето на ова се чини толку погрешно и не знам ни што да кажам. Го изгубив брат ми, најдобриот пријател и другата половина од моето срце. Немаше личност на Земјата што ја сакав повеќе”, напишала таа во изјавата. Причината за смртта сè уште не е позната.

Многу sвезди се збогуваат со младиот актер, а меѓу нив е и манекенката Каја Гербер, ќерка на супермоделот Синди Крафорд.

„Се сеќавам на времето кога седевме на каучот и целиот ден го поминувавме со нашиот таен јазик кој ќе го зборуваме секогаш кога ќе се сретневме. Би сакала да можевме да се вратиме во тоа време. Би сакала да можеме да ги говориме речениците кои веројатно ги живциравме сите околу нас, но ние само се смеевме. Би сакала сè уште да седам на подот во бањата додека разговарав преку FaceTime затоа што тоа беше единственото место каде што би имал Wi-Fi и не би сакала да го пропуштам твојот повик. Ти благодарам што беше причина за толку многу смеа и среќа на светот. Нема да биде исто без тебе. Те сакам Даниел“, напишала таа во емотивниот пост на Инстаграм.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Трагедија на скијање: Починал најпознатиот француски актер

Францускиот актер Гаспар Улиел, кој глуми во претстојната серија на Марвел „Moon Knight“, загинал во …