(ВИДЕО) Спортската Хонда Цивик во несреќа се преполовила – чудо што никој не загинал

HONDA Civic во скоро сите свои генерации беше компакт со спортски ген , додека во изданието Type-R е болид кој бара големо внимание зад воланот.
Оние малку постарите ќе ја паметат сцената од раните 90-ти, кога некои во Цивик се прецениле и завршија обвиткани околу столб, најчесто со трагичен епилог. Денес, три децении подоцна, гледаме слична сцена од Денвер.

loading...

Видеото беше споделено на социјалните мрежи од Винсент Нието, и прикажува преполовен Civic Type-R во близина на ресторан за брза храна. Возачот и мајката на сопственикот објасниле што се случило.
Рене Гутиерез-Мартинез, мајката на сопственикот на автомобилот, открила дека автомобилот за време на несреќата го управувало нејзиното момче Кевин Акоста. Тој го обвинил постариот возач, кој наводно му ја одзел предноста и го удрил од бочната страна на автомобилот. Ова го турнало од патот, а потоа удрил во бандера.
Судејќи според снимката, Хонда била буквално преполовена, а за среќа во несреќата немало патници на задното седиште. Да не спомнуваме дека епилогот ќе беше ужасен доколку автомобилот удрел во столб во пределот на предната врата. Во несреќата сите учесници биле полесно повредени, вклучително и возачот, кој наводно ја предизвикал несреќата одземајќи ја предноста. Хонда очигледно оди во отпис и транша, а некои делови, вклучително и моторот, може да се најдат наскоро во продажба.

Фото: Принтскрин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПОТРЕСНО! ЈА ВРЗАЛА КОСАТА И ОТИШЛА ДА СЕ БОРИ А ПОТОА Е УБИЕНА: Имала само 20. години и штотуку станала новиот симбол на револуцијата!

Сите се прашуваат која е девојката која беше убиена во Иран на протести, која преку …