СИНОТ Елизабет Харли, Дамијан, бил исфрлен од тестаментот на неговиот покоен татко, Стив Бинг, после судска жалба.
Богатиот финансиер си го одзеде животот во јуни минатата година, но пред тоа наводно воспоставил фондови за старателство на Дамијан и неговата ќерка Кира Керковијан (23), која ги добил со пензионираната тенисерка Лиза Бондер.
Пред неговата смрт, Бинг победил во правната битка против сопствениот татко Питер Бинг, кој се обидел да им забрани на Дамијан и Кира пристап до семејното богатство, пренесува Daily Mail.
Питер Бинг, сепак, ја обжалил одлуката со образложение дека Дамијан и Кира се деца родени вон брак. Според извештајот, богатството на Бинг сега се дели меѓу децата кои и припаѓаат на неговата сестра Мери.
Харли, се разбира, не била задоволна од ваквиот исход. “Кога Стивен си го одзеде животот, тој почина мислејќи дека се погрижил за неговите деца. Она што го сакаше Стивен сега е бесмислено преобратено. Знам дека Стивен би бил уништен”, рекла Харли.
Делот на Дамијан бил проценет на скоро 250. милиони долари. Лиза Бондер за Daily Mail исто така изразила колку е непријатно изненадена. “Како мајка, се прашувам зошто по ѓаволите мораше да се случи ова. Зошто да претворат две невини деца во жртви?”
Бинг ја основал продукциската куќа Shangri-La Entertainment, која снимала филмови како „Поларниот експрес“ со Том Хенкс и „Беовулф“. Покрај тоа, тој го напиша и сценариото за комедијата Kangaroo Jack.
Фото: Принтскрин/Instagram