(ВИДЕО) Доставувачка се преплашила од кучето па се обидела да избега преку оградата на терасата

Доставувачите се соочуваат со многу предизвици во текот на целиот ден, а еден од најчестите се кучињата. Ова го покажува видеото кое стана вирално на „ТикТок“, на кое девојка од „Амазон“ која доставувала дошла пред вратата да го предаде пакетот.
„Мислев дека нешто не е во ред со неа сè додека не го видов кучето“, е описот на снимката, која за 5. дена има 5,1 милиони прегледи.
На видеото се гледа како доставувачката го остава пакетот пред вратата, а потоа се оддалечува, застанува на терасата и се обидува да повика некого за помош со нејзиниот мобилен телефон. Панично вреска, па дури и се обидува да скокне од терасата.
„Ајде помогни ми“, кука таа додека кучето и се приближува и стои покрај надворешната страна на оградата.
На крајот сопственикот со детето излегува од куќата и го одведува кучето.

@simply4cynthiaI didn’t feel like the dog would hurt her after her got so close. But still! 😒😒😒♬ original sound – CynthiaByrd Kimbrough Mitchell

Јасно е дека кучето немало намера да и наштети на жената, но нејзиниот страв од животни е огромен. Исто така, јасно е дека луѓето за достава не можат да знаат дали кучето во дворот е опасно или не, па затоа е сосема разбирливо дека се плашат.
„Луѓето треба да ги отстранат своите кучиња кога очекуваат испорака. Верувам дека тие би започнале да го прават тоа кога би престанале да добиваат пакети”, вели едно лице.
„Ова воопшто не е кул. Кучето има заби, а жената е странец за него. Не сите кучиња сакаат луѓе”, додава друг.
„Јас целосно ја разбирам затоа што страшно се плашам од кучиња“, истакнува трет.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Многумина ја носат оваа амајлија а не знаат што значи!

Злото око, познато во грчката култура како „мајка“ (ματι), е проклетство за кое се смета …