Стоматолошката медицинска сестра, Бејза Доган (24), добила смртоносен и редок тип на менингитис наречен менингококал (meningococcal) кога имала 20. години.
Болеста ги нападна нејзините бубрези, што предизвикало сепса и ампутација на рацете и нозете. Ја спасила нејзината мајка Михрибан (54) која и донирала бубрег. Поради сите ужасни работи што и се случиле, Бејза тргнала да ги истражи можностите за трансплантација на двојни екстремитети без кои останала.
Живеела во Келн, Германија, но се преселила во Анталија, Турција, каде пронашла хирург кој сакал и можел да ја оперира. По многу тестирање, Бејза била ставена на листата на чекање.
Хирургот рекол дека таа е одличен кандидат за трансплантација на екстремитети, како и дека нејзината мотивација и желба за таа постапка е огромна, и потенцирал дека сите тестови се одлични, а кога сè е во ред до крајот, тој ќе ја стави на списокот за трансплантација. Кога ќе најдат соодветен донатор за трансплантација, тоа нема да биде проблем за Бејза. Во моментов, уште 43. лица ја чекаат истата постапка.
Бејза вели дека сака да продолжи со својот живот без протетски помагала, дека има доверба во докторот, како и дека е среќна поради сè и дека би сакала операцијата да се изврши што побрзо.
Фото: Принтскрин/Youtube