(ФОТО) Хамилтон го продолжил договорот со „Мерцедес“

Луис Хамилтон потпиша нов, двегодишен договор со Мерцедес и ќе остане во тој тим најмалку до 2023 година.
Ова значи дека седумкратниот светски шампион ќе се натпреварува во Ф1 караванот барем додека не наполни 38. години. Претходниот договор Британецот го потпиша во февруари, но тој важеше само една година.

„Тешко е да се поверува дека соработувам со овој неверојатен тим скоро девет години, возбуден сум што ќе го продолжам партнерството уште две години“, рекол Хамилтон и додаде:
„Веќе постигнавме многу заедно, но имаме уште многу да постигнеме, на патеката и надвор од неа. Горд сум и благодарен за тоа како ме поддржа Мерцедес во мојата желба да ги подобрам различностите и еднаквоста во нашиот спорт“.
Исто така, Британецот рекол дека ќе влезе во нова ера на автомобили (од 2022 година, Мерцедес најави бројни промени) што ќе бидат возбудливи и предизвикувачки.
„Едвај чекам да видам што друго можеме да постигнеме заедно“, заклучил Хамилтон.

Британецот во моментов е втор оваа сезона со 138 поени, 18 помалку од возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИЛИОН ПРИЧИНИ ЗА ХУМАНОСТ – M0ZZART ВО ТЕКОТ НА 2021 ГОДИНА УШТЕ ПОВЕЌЕ ПОМОГНА НА ЗАЕДНИЦАТА

Преку низа општествено одговорни акции, оваа компанија донираше повеќе од 150.000 евра. Поддршка за здравствениот …