(ФОТО) Потег на господа: Еве зошто Шпанците ја прекинаа прославата после минувањето во полуфинале!

Швајцарија го заврши настапот на Европските првенства во четвртфиналето со пораз од Шпанија по изведувањето на пеналите.
По натпреварот, многу швајцарски фудбалери од тага паднаа на теренот и плачеа, а Шпанците ги тешеа. УЕФА го издвои Тиаго Алкантара, Шпанецот кој игра за Ливерпул. Тијаго најпрво го утеши Варгас, кој промаши пенал, а потоа и швајцарскиот голман Јан Сомер.


Додека швајцарските фудбалери одеа во соблекувалната, Шпанците ја прекинаа прославата и им аплаудираа на ривалите кои со својот борбен дух го воодушевија фудбалскиот свет на ова Европско првенство и кои сензационално го нокаутираа францускиот светски шампион во осминафиналето.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕОБИЧНА СЦЕНА – Ги загуби нервите: Ѓоковиќ му го фрли рекетот на Иванишевиќ на трибините на сред меч – но и подари еден на дете со интересен транспарент

Новак имаше потешкотии, неколку пати го менуваше рекетот, а проблем беа жиците. Новак Ѓоковиќ денес …