За Ферстапен трета пол позиција по ред

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред неделната трка за Големата награда на Австрија.
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред неделната трка за Големата награда на Австрија. За Ферстапен ова е трета врзана трка во која тој ќе стартува од пол-позицијата. Претходните две ги круниса со победи.
Ферстапен го извози кругот што му го донесе првото стартно место со 1:03.720, оставајќи го зад себе Ландо Норис на Мекларен (+0.048) и неговиот тимски колега Серхио Перез (+0.270).

Актуелниот шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од четвртото место, а Валтери Ботас ќе стартува како петти.
Првите десет во квалификациите ги комплетираа Пјер Гасли и Јуки Кунода со своите Алфатаури болиди, Себастијан Фетел во Астон Мартин, Џорџ Расел во Вилијамс и Ленс Строл во Астон Мартин.

Трката за Големата награда на Австрија ќе се одржи во недела во 15 часот, а ќе се емитува на Спорт клуб 1.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …