(ВИДЕО) НАЈУБАВА ПРИКАЗНА ВО МОРЕТО ГРДИ ВЕСТИ: Изгубено куче се вратило дома и ѕвонело во 3. часот наутро!

Вдомената кучка Раџа, откако избегала од своите сопственици – двојка од градот Симпсонвил во Јужна Каролина, се вратил седум часа по исчезнувањето, ѕвонејќи на вратата во три наутро.
Женското куче побегнало од куќата откако бучавата од огнометот ја исплашила, поради што брзо ја прескокнала оградата и истрчала кон ридовите.
Сопственичката на кучето, Мери Лин Витакер, брзо известила на Фејсбук и напишала објава за исчезнувањето на Раџа на секоја страница на која што можеал да се сети, додека нејзиниот партнер Рајан Вашик возел низ улиците во областа со часови обидувајќи се да ја најде.
„Постојано се надевав дека нема да ја најдам како лежи покрај патот“, рекол Вашик.
Откако не ја нашол, се вратил дома, но останал буден во надеж дека 18-месечното кученце ќе го најде патот назад.


Седум часа подоцна, рано наутро, поточно околу три часот, Раџа се вратила дома, ѕвонејќи на вратата, објави весникот „Колумбија Стејт“.
Сопствениците на кучето изјавиле дека не знаеле како успеала да го стори тоа, бидејќи никогаш не и покажале.
„Таа не излегува во предниот двор, освен покрај автомобилот, па никогаш не видела како го користиме ѕвончето“, рекле тие.

Ekran.mk/UsaToday


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Кучето прво ги почувствувало ударите на бебето во стомакот, неговата реакција е сè

Кучето Гус било спасено откако било пронајден врзан за столб и е многу благодарен на …