(ВИДЕО+ФОТО) ПРВ ПАТ ПОСЛЕ ДРАМАТА – Се појавила првата фотографија на Ериксен после срцевиот удар!

Млад навивач објавил фотографија со данскиот фудбалер
Кристијан Ериксен колабираше во 43-та минута од натпреварот помеѓу Данска и Финска во Копенхаген на 12. јуни, во првиот натпревар од групата Б на Европското првенство. Три недели по немилиот настан, во јавноста се појави првата фотографија од Ериксен. Младиот Данец, Бјорн Биндзус, се сретна со Ериксен и се фотографирал со него за спомен.

Сам, од чист мир и без никого околу него, данскиот репрезентативец падна на тревникот на Паркен, проследен со драматични сцени од неговата реанимација. Со брза интервенција на лекар, животот му бил спасен, а тој се опоравувал шест дена во клиниката од која бил ослободен по закрепнувањето по операцијата со која му бил вграден дефибрилатор. Добро се опоравил и според последните информации се чувствува добро.


View this post on Instagram


A post shared by Deporte Total (@dportetotal)

Предвидено е Ериксен да отпатува за Милано во средината на месецот. Таму ќе се збогува со соиграчите во Интер и ќе ги направи тестовите на лекарите. Сè уште е непознато што ќе се случи со продолжување на неговата кариера, останува на Ериксен да одлучи дали ќе го остави дефибрилаторот, но во тој случај тој би го напуштил Интер затоа што во Италија е на сила протокол кој не дозволува играчи со проблеми со срцето да играат фудбал.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …