(ВИДЕО+ФОТО) Еуфоричните навивачи на Рома го дочекале Мурињо

Новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо пристигна во петокот во Рим, а пред аеродромот и клупските простории беше пречекан од голем број навивачи.
Собраните приврзаници на „Волчицата“ го скандираа името на трофејниот португалски тренер, кој во мај се обврза на тригодишна лојалност кон италијанскиот клуб.

Мурињо излезе пред присутните со шалот на Рома околу вратот и замавна со раката и им се заблагодари на навивачите за пречекот.

Португалецот работеше во Италија од 2008. до 2010. година, кога освои две титули во Серија А со Интер, Лигата на шампионите, Купот на Италија и Суперкупот.
58-годишниот тренер работеше во Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челси, Реал Мадрид, Интер, Порто, Униао Леирија и Бенфика пред да дојде во Рома.

Според медиумите, Мурињо ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона во Рим.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …